Државниот совет ја казни Франција со рекордни 10 милиони евра поради преголемото загадување на воздухот во француските градови, предупредувајќи ја владата дека на крајот на годината ја чека уште една ваква казна ако ништо не преземе во меѓувреме.
„Иако владата пред една година беше повикана да го подобри квалитетот на воздухот во пет големи градски области, граничните вредности и натаму се надминати во Париз и Лион“, соопшти Државниот совет.
И покрај намалувањето на сообраќајот за време на строгите рестрикции воведени поради коронавирусот, аерозагадувањето е недоволно намалено и во Марсеј/Екс, Тулуз и Гренобл.
Државниот совет делува како советник на владата, но истовремено е највисокиот административен суд во земјата, па има можност да изрекува казни.
Ситуацијата повторно ќе биде разгледана во почетокот на 2022 година, по што ќе биде решено дали има потреба од дополнителни казни за државата. Сумата од 10 милиони долари ќе биде исплатена на еколошки здруженија и институции.