ГАЗДАТА НА „АГРОКОР“ ИВИЦА ТОДОРИЌ Ѝ СЕ ПРЕДАДЕ НА ЛОНДОНСКАТА ПОЛИЦИЈА

    ГАЗДАТА НА „АГРОКОР“ ИВИЦА ТОДОРИЌ Ѝ СЕ ПРЕДАДЕ НА ЛОНДОНСКАТА ПОЛИЦИЈАНеговото име од минатата недела беше на листата најбарани бегалци на Интерпол. - Ивица Тодориќ (Фото: Пиксел)

    По речиси еден месец во бегство, основачот на банкротираниот прехранбен концерн „Агрокор“, Ивица Тодориќ, ѝ се предаде на лондонската полиција, потврди хрватското Министерство за внатрешни работи.

    Како што објавија хрватските медиуми, Тодориќ се одзвал на повикот од една полициска станица во Лондон, по што бил уапсен врз основа на европскиот налог за апсење, што по него го распишала хрватската полиција. Тодориќ една недела се наоѓаше на листата на најбараните бегалци на Интерпол.

    Десетина директори на „Агрокор“ беа уапсени во масовната полициска акција минатиот месец, кога полицијата не успеа да ги пронајде основачот на најголемата компанија на Балканот Ивица Тодориќ и неговите синови Анте и Иван. Адвокатот на Тодориќ уште тогаш кажа дека тој е во Лондон.

    Тие беа обвинети за корупција, злоупотреби во економското работење, фалсификување документи и за криминал во водењето на деловни книги.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира