ГЕНЕРАЛЕН ШТРАЈК ЈА ПАРАЛИЗИРАШЕ ГРЦИЈА, ИЛЈАДНИЦИ РАБОТНИЦИ БАРААТ ПОВИСОКИ ПЛАТИ

    ГЕНЕРАЛЕН ШТРАЈК ЈА ПАРАЛИЗИРАШЕ ГРЦИЈА, ИЛЈАДНИЦИ РАБОТНИЦИ БАРААТ ПОВИСОКИ ПЛАТИВо цела Грција се затворени и железничките станици (Фото: АФП)

    Еднодневен генерален штрајк запре бродови, возови и автобуси низ Грција денеска, додека илјадници работници маршираат во Атина, барајќи повисоки плати и подобар животен стандард. На штрајкот се приклучија лекари, учители, градежници и транспортни работници од најголемите грчки синдикати од јавниот и приватниот сектор, кои се уште ги чувствуваат последиците од должничката криза во земјата од 2009 до 2018.

    „Секој пат кога одиме во супермаркет или добиваме нова сметка за струја доживуваме мал срцев удар. Сакаме вистински мерки против високите цени“, изјави еден штрајкувач.

    Грчката економија заздрави од должничката криза, но платите заостануваат во однос на европскиот просек, а бруто домашниот производ по глава на жител е еден од најниските во Европска Унија, додека цените драстично пораснаа.

    На многумина Грци им беа намалени платите и пензиите во замена за спасувачки пакети во вредност од 280 милијарди евра за време на должничката криза, која речиси ја исфрли земјата од еврозоната. Владата на Кирјакос Мицотакис ја зголеми минималната месечна плата четирипати откако дојде на власт во 2019 и таа сега изнесува 830 евра, со ветување дека ќе порасне на 950 евра до 2027. Таа исто така ги зголеми пензиите. Сепак, Грците велат дека тоа не е доволно за да се следи порастот на цените.

    „Бараме од владата да ни го врати она што ни го одзедоа претходните влади во изминатата деценија. Нашата куповна моќ е намалена за 50%“, изјави еден пензионер.

    Мицотакис призна дека има простор за подобрување на платите и животниот стандард. Штрајкот доаѓа откако владата ја предаде финалната верзија на буџетот за 2025 во парламентот, кој предвидува економски раст од 2,3%, што е над просекот во ЕУ.

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира