ГЕРМАНИЈА БАРА ДА СЕ УКИНЕ ПРАВОТО НА ВЕТО ВО ЕУ

    ГЕРМАНИЈА БАРА ДА СЕ УКИНЕ ПРАВОТО НА ВЕТО ВО ЕУРетко се случуваат вака отворенени изјави од Германија, која не практикува отворени критики кон друга земја членка во ЕУ. - Хајко Мас (Фото: Фејсбук/Хајко Мас)

    Германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас денеска побара Европската унија да го укине правото на вето на земјите членки кога станува збор за надворешно-политички одлуки.

    „Не може повеќе да бидеме држени како заложници од оние кои ја парализираат европската надворешна политика со своите вета. Затоа кажувам многу отворено, ветото мора да замине, дури и ако тоа значи дека можеме да бидеме надгласани“, ја пренесе „Дојче Веле“ изјавата на Мас, кој ги обвини оние кои го прават тоа дека ја загрозуваат кохезивноста на Европа.

    Ретко се случуваат вака отворенени изјави од Германија, која не практикува отворени критики кон друга земја членка во ЕУ. Иако Мас не именуваше ниту една земја, најверојатно е испровоциран од Унгарија, која блокираше повеќе заеднички изјави на ЕУ за прашања од надворешната и безбедносната политика.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира