ГЕРМАНИЈА ГИ ЗАБРАНУВА ПАТУВАЊАТА ОД ЗЕМЈИТЕ ВО КОИ СЕ ШИРАТ НОВИ ВАРИЈАНТИ НА КОРОНАВИРУС ДОДЕКА ЕУ ОДБИВА ДА ГИ ЗАТВОРИ ГРАНИЦИТЕ

    ГЕРМАНИЈА ГИ ЗАБРАНУВА ПАТУВАЊАТА ОД ЗЕМЈИТЕ ВО КОИ СЕ ШИРАТ НОВИ ВАРИЈАНТИ НА КОРОНАВИРУС ДОДЕКА ЕУ ОДБИВА ДА ГИ ЗАТВОРИ ГРАНИЦИТЕГерманија вели дека е принудена да воведе свои мерки за да си го заштити населението (Фото: Гети)

    Германија планира да воведе речиси целосна забрана за влез на патници од Велика Британија, Португалија, Бразил и Јужна Африка, додека министрите за внатрешни работи од Европска Унија разгледуваат координиран пристап кон ограничувања на меѓународни патувања.

    Минатата недела, Белгија ги забрани сите несуштински влегувања и излегувања од земјата, Холандија воведе забрана за сите летови од Велика Британија, Јужна Африка и Јужна Америка, а Португалија на две недели ја затвори границата со Шпанија.

    „За да го заштитиме нашето население, не смееме да дозволиме влез од региони каде што се шират новите варијанти на коронавирус. Подготвуваме национални мерки, зашто засега не се размислува за пошироки европски решенија“, изјави германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зехофер.

    На листата земји чии граѓани слободно можат да влегуваат во Унијата се наоѓаат само Австралија, Кина, Нов Зеланд, Сингапур, Јужна Кореја и Тајланд, откако Јапонија вчера беше тргната. Брисел засега се спротивставува на идејата за затворање на надворешните и внатрешните граници на Унијата, како што беше направено минатата пролет. Франција, Италија, Грција и Холандија воведоа свои мерки, па бараат негативен тест за коронавирус за влез во нивните земји, а некои, како Белгија, отидоа и подалеку.

    „Забраната за патувања не значи дека градиме ѕид околу Белгија. Ние и натаму можеме да одиме во други земји, но само од суштински причини“, кажа белгискиот премиер Александер де Кро.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира