ГЕРМАНИЈА ГИ ЗАТВОРИ ПОСЛЕДНИТЕ ТРИ НУКЛЕАРКИ

    ГЕРМАНИЈА ГИ ЗАТВОРИ ПОСЛЕДНИТЕ ТРИ НУКЛЕАРКИНуклеарната централа Емсланд е една од трите последни што беа исклучени во Германија. (Фото: ДПА)

    Германија ги исклучи и последните три нуклеарни централи од електричната мрежа, ставајќи крај на нуклеарната енергија во земјата по 60 години. Трите последни останати нуклеарки во Гермнија, Исар 2 во Баварија, Емсланд во Долна Саксонија и Некарвестхајм 2 во Баден-Виртемберг, беа исклучени ноќеска.

    Затворањето на последните три нуклеарки беше прославено од активистите за заштита на животната средина и дел од политичарите, но и беше критикувано од пробизнис и конзервативните партии.

    Две од овие три нуклеарки требаше да бидат затворени уште минатата година, но поради руската инвазија на Украина и енергетската криза предизвикана од војната германската влада реши да продолжи да ги користи додека да помине зимата.

    Од „Гринпис“ велат дека ова е добар ден за климатската заштита и огромен успех за антинуклеарното движење.

    Министерката за животна средина Штефи Лемке од Партијата на зелени рече дека затворањето на нуклеарките ја прави Германија побезбедна, додека лидерката на нејзината партија Рикарда Ланг вели дека земјата го направила последниот чекор во ерата на обновливите извори на енергија.

    Но, парламентарната група на Партијата на слободни демократи, кој е дел од владината коалиција, јасно кажа дека не е среќна поради затворањето на нуклеарките.

    Конзервативните опозициски политичари исто така се разочарани. ЦДУ го нарече затворање на нуклеарките црн ден за Германија, а со сличен став излезе и сестринската партија ЦСУ.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира