ГЕРМАНИЈА ЌЕ ИЗДВОИ 100 МИЛИЈАРДИ ЕВРА ВО СПЕЦИЈАЛЕН ФОНД ЗА АРМИЈАТА, КАЖА КАНЦЕЛАРОТ ШОЛЦ ВО ВОНРЕДНО ОБРАЌАЊЕ ПРЕД ПАРЛАМЕНТОТ

    ГЕРМАНИЈА ЌЕ ИЗДВОИ 100 МИЛИЈАРДИ ЕВРА ВО СПЕЦИЈАЛЕН ФОНД ЗА АРМИЈАТА, КАЖА КАНЦЕЛАРОТ ШОЛЦ ВО ВОНРЕДНО ОБРАЌАЊЕ ПРЕД ПАРЛАМЕНТОТОбраќањето на Шолц означува сериозен пресврт во германската одбранбена и безбедносна политика како одговор на руската инвазија за Украина. (Фото: bundeskanzler.de)

    Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска имаше вонредно обраќање во германскиот парламент за руската инвазија на Украина. Шолц пред пратениците кажа дека Германија ќе издвои 100 милијарди евра во специјален фонд за армијата, подигнувајќи го трошењето на одбрана над 2 отсто од БДП.

    „Јасно е дека треба да инвестираме значителнo повеќе во безбедноста на земјата, со цел да ја заштитиме нашата слобода и демократија“, кажа Шолц.

    Ова е значаен потег за Германија, која долго беше критикувана од САД и НАТО дека не инвестира адекватно во буџетот за одбрана.

    Обраќањето на Шолц означува сериозен пресврт во германската одбранбена и безбедносна политика како одговор на руската инвазија за Украина.

    Вчера, германската влада соопшти дека ќе испрати оружје директно во Украина, која се бори да ја одврати руската инвазија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира