ГЕРМАНИЈА ЌЕ ЈА ПРЕПОЛОВИ ВОЕНАТА ПОМОШ ЗА УКРАИНА ВО 2025

    ГЕРМАНИЈА ЌЕ ЈА ПРЕПОЛОВИ ВОЕНАТА ПОМОШ ЗА УКРАИНА ВО 2025Германската помош за Украина ќе биде намалена на 4 милијарди евра во 2025 од околу 8 милијарди евра во 2024. (Фото: ДПА)

    Германија ќе ја преполови воената помош за Украина следната година, дури и со можност републиканскиот кандидат Доналд Трамп да се врати во Белата куќа и да ја ограничи поддршката за Киев. Германската помош за Украина ќе биде намалена на 4 милијарди евра во 2025 од околу 8 милијарди евра во 2024, според Нацрт-буџетот за 2025 во кој имаше увид Ројтерс.

    Германија се надева дека Украина ќе може да го задоволи најголемиот дел од своите воени потреби со заемите од 50 милијарди долари од приходите од замрзнатите руски средства договорени од Групата седум (Г7), и дека средствата наменети за вооружување нема да бидат целосно искористени.

    „Финансирањето на Украина е обезбедено во догледна иднина благодарение на европските инструменти и заемите од Г7“, рече германскиот министер за финансии Кристијан Линднер денеска на прес-конференција.

    Германската влада денеска треба да го одобри долго оспоруваниот буџет за 2025, по неколкунеделни расправии околу финансиите на најголемата европска економија.

    Вашингтон се залага за заемите да се дадат однапред за да ѝ даде на Украина голема паушална сума сега. Официјални лица велат дека лидерите на ЕУ се согласиле со идејата делумно затоа што ја намалува можноста Украина да има недостиг од средства ако Трамп се врати во Белата куќа.

    Алармите се огласија низ Европа оваа недела откако Трамп за свој кандидат за потпретседателго избра сенаторот Џеј-Ди Венс, кој се противи на воената помош за Украина и предупреди дека Европа ќе мора помалку да се потпира на САД за да го брани континентот. Трамп предизвика жестоки критики од западните официјални лица затоа што сугерираше дека нема да ги заштити земјите кои не ги исполнија целите за одбранбени трошоци на трансатлантската воена алијанса, па дури и ќе ја охрабри Русија да ги нападне.

    Германија е критикувана за постојано пропуштање на целта на НАТО секоја земја да троши 2 отсто од своето економско производство за одбрана.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира