ГЕРМАНИЈА ЌЕ ПРЕЗЕМЕ ПОГОЛЕМА МЕЃУНАРОДНА ОДГОВОРНОСТ ВО 2019, КАЖА МЕРКЕЛ ВО ГОДИШНОТО ОБРАЌАЊЕ

    ГЕРМАНИЈА ЌЕ ПРЕЗЕМЕ ПОГОЛЕМА МЕЃУНАРОДНА ОДГОВОРНОСТ ВО 2019, КАЖА МЕРКЕЛ ВО ГОДИШНОТО ОБРАЌАЊЕКако нова привремена членка на Советот за безбедност од ОН, Германија ќе се залага за глобални решенија за најгорливите проблеми. - Ангела Меркел (Фото: Гети)

    Германија во новата година ќе преземе поголема одговорност на меѓународен план и повеќе ќе се залага за своите убедувања, изјави канцеларката Ангела Меркел во своето годишно обраќање, кое целосно ќе биде емитувано подоцна.

    Изминативе години, Германија беше лидер на полето на мултилатерализмот, наспроти политиката на Доналд Трамп која ја става Америка на прво место, што не само што ги наруши односите помеѓу двете земји, туку под голем притисок ја стави и севкупната меѓународна соработка.

    „Во наш интерес е да преземеме поголема одговорност. Проблеми како климатски промени, миграција и тероризам никој не може да ги реши сам. Станувајќи привремена членка на Советот за безбедност на Обединети нации во 2019 година, Германија ќе притиска за глобални решенија“, изјави Меркел.

    Меркел, која најави повлекување од функцијата во 2021 година, вети дека ќе го зголеми буџетот за хуманитарни и развојни проекти, како и за одбраната. Таа повика на поголеми соработка и солидарност во земјата.

    „Ќе можеме да се справиме со предизвиците на нашето време само ако се држиме заедно и соработуваме со други надвор од нашите граници“, кажа Меркел.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира