ГЕРМАНИЈА ШОКИРАНА ОД УБИСТВОТО НА ВРАБОТЕН НА БЕНЗИНСКА ПУМПА ПОРАДИ СПОР ОКОЛУ ЗАШТИТНА МАСКА

    ГЕРМАНИЈА ШОКИРАНА ОД УБИСТВОТО НА ВРАБОТЕН НА БЕНЗИНСКА ПУМПА ПОРАДИ СПОР ОКОЛУ ЗАШТИТНА МАСКАОсомничениот им рекол на полицајците дека дејствувал од гнев (Фото: АП)

    Германските политичари изразија загриженост од можното радикализирање на противниците на коронамерките откако вработен на бензинска пумпа беше убиен поради спор околу заштитна маска.

    Властите на Трир кажаа дека осомничениот им рекол на полицајците дека дејствувал од гнев кога го застрелал 20-годипниот касиер на бензинската пумпа во Идар-Оберштајн во сојузната покраина Рајнска Област-Пфалц, зашто го терал да стави заштитна маска.

    „Тој при испрашувањето рекол дека се противи на сите мерки за заштита од коронавирусот“, соопшти полицијата.

    Според обвинителите, осомничениот рекол дека се почувствувал загрозено и дека жртвата била одговорна за целата ситуација зашто ги спроведувала правилата.

    Кандидатката за канцелар на Зелените, Амалена Бербок, го поврза пукањето со движењето „Латерално мислење“, чиј дел се и противници на коронамерките.

    „Радикализацијата на ‘Латерало мислење‘ многу ме загрижува. Мора сите да се спротивставиме на растечката омраза“, кажа Бербок.

    Според снимките од безбедносните камери, осомничениот влегол за да купи пиво и почнал да се расправа со касиерот откако тој двапати го предупредил дека мора да носи маска внатре.

    „Тој се вратил два часа подоцна, овојпат носејќи маска, по што извадил пиштол и фатално го застрелал 20-годишниот студент. Осомничениот избегал пешки, но се пријавил во полиција следното утро“, кажа полицијата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира