ГЕРМАНИЈА УСВОИ НОВИ МЕРКИ, ЗА ЈАВЕН ПРЕВОЗ И РАБОТНО МЕСТО ЌЕ СЕ БАРА ДОКАЗ ЗА ВАКЦИНИРАЊЕ ИЛИ НЕГАТИВЕН ТЕСТ

    ГЕРМАНИЈА УСВОИ НОВИ МЕРКИ, ЗА ЈАВЕН ПРЕВОЗ И РАБОТНО МЕСТО ЌЕ СЕ БАРА ДОКАЗ ЗА ВАКЦИНИРАЊЕ ИЛИ НЕГАТИВЕН ТЕСТ70% од германското население е целосно вакцинирано, што е под просекот на ЕУ (Фото: Гети)

    Германските парламентарци ги изгласаа новите мерки, додека земјата бележи рекорден број заразени од почетокот на пандемијата.

    Според нив, пристап до јавниот превоз или работното место би имале само оние кои се вакцинирани против ковид-19 или редовно тестирани. Невакцинираните исто така не би можеле да влегуваат во кафулиња, барови, теретани и фризерски салони, што веќе е на сила во некои региони.

    Пратениците велат дека целта на овие мерки е да се натераат луѓето да се вакцинираат, но задолжителното вакцинирање не е предвидено. Во овој момент, 70% од германското население е целосно имунизирано, што е под просекот на Европската Унија.

    Сепак, мерките не можат веднаш да стапат на сила. Тие прво треба да бидат усвоени во горниот дом на парламентот и некои конзервативни политичари се заканија дека ќе го блокираат законот.

    Во изминатите 24 часа, во Германија се регистрирани 65.171 нов случај на коронавирус, со што за првпат е пробиена границата од 60.000.

    „Се движиме кон сериозна вонредна состојба. Ќе имаме крајно непријатен Божиќ ако не реагираме сега“, изјави директорот на институтот „Роберт Кох“, Лотар Вилер.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира