ГЕРМАНИЈА ВО РЕЦЕСИЈА ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД, ЕКОНОМИЈАТА Ѝ Е ВО НАЈДОЛГА СТАГНАЦИЈА ОД ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА

    ГЕРМАНИЈА ВО РЕЦЕСИЈА ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД, ЕКОНОМИЈАТА Ѝ Е ВО НАЈДОЛГА СТАГНАЦИЈА ОД ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНАЗначителен раст не е на повидок, многумина економисти очекуваат многу мал раст оваа година. - Музејот на БМВ во Минхен (Фото: СДК.МК)

    Германската економија се намалила втора година по ред во 2024, што е најдолгата рецесија за најголемата европска економија во повеќе од две децении. Германскиот бруто домашен производ (БДП) се намалил за 0,2 отсто во споредба со претходната година, покажуваат прелиминарните податоци објавени од Сојузниот завод за статистика.

    Економијата на земјата забележа пад од 0,3% во 2023.

    Германската економија веројатно нема да излезе од стагнација и оваа година, освен ако наскоро не се спроведат реформи во економската политика за да се стават проблемите под контрола. По прилагодувањето на инфлацијата, БДП на Германија сега е само малку повисок од 2019 година“, рече Тимо Волмершеузер, раководител на економските истражувања во минхенскиот институт ИФО.

    Германија не поминала толку долго без значаен раст од крајот на Втората светска војна.

    Германија минува низ најдолгата фаза на стагнација во повоената историја“, рече Волмершеузер.

    Шефот на Сојузниот завод за статистика, Рут Бранд, рече дека структурните проблеми и спротивставените економски ветрови го спречиле растот во Германија во 2024.

    Тоа вклучува зголемена конкуренција за германската извозна индустрија на важни пазари, високи трошоци за енергија, постојано високи каматни стапки и неизвесна економска перспектива“, кажа Бранд.

    Значителен раст не е на повидок и многумина економисти очекуваат многу мал раст оваа година.

    Позитивниот економски поттик од новата сојузна влада веројатно нема целосно да се почувствува до 2026 година“, рече економистот Нилс Јансен од Институт за светска економија во Кил.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира