ГЕРМАНИЈА ВОВЕДУВА ЗАДОЛЖИТЕЛНО ВАКЦИНИРАЊЕ ПРОТИВ СИПАНИЦИ ЗА ДЕЦА

    ГЕРМАНИЈА ВОВЕДУВА ЗАДОЛЖИТЕЛНО ВАКЦИНИРАЊЕ ПРОТИВ СИПАНИЦИ ЗА ДЕЦАСамо оваа година во Германија има над 400 новозаболени од сипаници (Фото: ДПА)

    Германската влада предложи мерка со која вакцинирањето против мали сипаници ќе стане задолжително за деца и за вработените во градинките и училиштата.

    Кабинетот на Ангела Меркел денеска го усвои планот, откако било утврдено дека бројот на заразени со сипаници значително се зголемил изминативе години. Се очекува Бундестагот да го усвои законот.

    Според програмата која во фази почна да се спроведува уште во март, родителите на училишните деца, што ги опфаќа и градинките, ќе мора да приложат доказ за направеното вакцинирање. Во спротивно, детето нема да биде примено во градинка, а родителите ќе бидат казнети, што најмногу може да изнесува 2.500 евра.

    Според агенцијата ДПА, во Германија лани биле регистрирани 543 случаи на заболени од сипаници, а оваа година веќе ги има над 400.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари