ГЕРМАНКАТА ФОН ДЕР ЛАЈЕН СО ТЕСНА РАЗЛИКА ИЗБРАНА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛКА НА ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА

    ГЕРМАНКАТА ФОН ДЕР ЛАЈЕН СО ТЕСНА РАЗЛИКА ИЗБРАНА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛКА НА ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈАУрсула фон дер Лајен најави закони со кои Европа ќе стане прв јаглеродно неутрален континент на светот (Фото: Ројтерс)

    Актуелната министерка за одбрана на Германија Урсула фон дер Лајен со тесна разлика беше избрана за нов претседател на Европската комисија. Таа ќе го наследи Жан-Клод Јункер на 1 ноември како прва жена на оваа функција.

    На денешното тајно гласање, 60-годишната Фон дер Лајен успеа да обезбеди поддршка на повеќе од половина од пратениците во Европскиот парламент. Таа освои 383 гласови, само девет повеќе од потребното.

    Ова е голема одговорност и мојата работа почнува сега. Ајде сите заедно да работиме конструктивно“, изјави Фон дер Лајен.

    Во пресрет на изборот, Фон дер Лајен вети дека во првите 100 дена ќе бидат донесени закони кои до 2050 година ќе ја направат Европа прв јаглеродно неутрален континент на светот.

    Таа утре ќе поднесе оставка на функцијата министер за одбрана и Ангела Меркел, во чиј кабинет беше постојан член откако стана канцеларка, ја нарече Фон дер Лајен „посветена Европејка“.

    Родена во Брисел, Фон дер Лајен е мајка на седум дена и учела економија и медицина пред да влезе во политика.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира