ГЕРМАНСКАТА ПОЛИЦИЈА УБИ МАЖ КОЈ УКРАЛ БАГЕР И ПРОБИЛ НЕКОЛКУ БЛОКАДИ

    ГЕРМАНСКАТА ПОЛИЦИЈА УБИ МАЖ КОЈ УКРАЛ БАГЕР И ПРОБИЛ НЕКОЛКУ БЛОКАДИПолицијата не верува дека инцидентот има политички мотиви (Фото: Билд)

    Германската полиција уби маж кој украл багер во јужната сојузна покраина Баден-Виртемберг и одбил да запре. Полицијата во прв момент објави на Икс дека постои можност тој да тргне во поход со возилото што го украл од една градежна компанија, каде што предизвикал штети.

    Весникот „Билд“ објави дека 38-годишниот маж го возел багерот од Гринсфелд до Таубербишофсхајм во Баден-Виртемберг и запрел дури откако бил застрелан и починал на самото место. Во меѓувреме пробил неколку полициски блокади, при што оштетил неколку автомобили и полесно повредил тројца полицајци.

    Нејасно е дали тој работел во градежната компанија каде што почнал со дивеењето. Полицијата не верува дека инцидентот има политички мотиви.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира