ГЕРМАНСКИ ГРАД ИЗБРА НЕОНАЦИСТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК

    ГЕРМАНСКИ ГРАД ИЗБРА НЕОНАЦИСТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИКДури и локалните советници од владејачките партии го поддржале изборот на Штефен Јагш (Фото: Гети)

    Град во германската сојузна држава Хесе избра градоначалник од редовите на неонацистите, што предизвика гнев кај тамошните водечки политичари.

    Штефен Јагш од крајнодесничарската Национална демократска партија (НПД) стана градоначалник на Валдзидлунг во близина на Франкфурт, откако едногласно беше избран од седумте локални советници. Тој немаше противкандидат за оваа функција. За Јагш гласале и советниците на Христијанско-демократската унија на Ангела Меркел и на нејзиниот коалициски партнер Социјалдемократите (СПД), но и либералната партија Слободни демократи.

    „Кандидатот на НПД го пополни вакуумот“, изјави локалниот лидер на СПД, Маркус Брандо.

    Претседателката на ЦДУ Анегрет Крамп-Каренбауер повика изборот да биде поништен, а слично се изјаснија и од врвот на СПД.

    „СПД има многу јасна позиција, ние не соработуваме со нацисти и тоа важи за сите нивоа на државата“, кажа генералниот секретар Ларс Клинбајл.

    Во 2017, Уставниот суд на Германија се изјасни против забраната на НПД, појаснувајќи дека партијата е неуставна, но немала капацитет да го поткопува демократскиот поредок на земјата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира