ГЕРМАНСКИ КАЛУЃЕРКИ ДВЕ ДЕЦЕНИИ ИЗНАЈМУВАЛЕ ДЕЦА ЗА ОРГИИ И ГРУПЕН СЕКС СО БИЗНИСМЕНИ И СВЕШТЕНИЦИ, СЕ ВЕЛИ ВО ИЗВЕШТАЈОТ ШТО ЦРКВАТА ОДБИВА ДА ГО ОБЈАВИ

    ГЕРМАНСКИ КАЛУЃЕРКИ ДВЕ ДЕЦЕНИИ ИЗНАЈМУВАЛЕ ДЕЦА ЗА ОРГИИ И ГРУПЕН СЕКС СО БИЗНИСМЕНИ И СВЕШТЕНИЦИ, СЕ ВЕЛИ ВО ИЗВЕШТАЈОТ ШТО ЦРКВАТА ОДБИВА ДА ГО ОБЈАВИИзвештајот произлезе од судската тужба што ја покрена 63-годишниот Карл Хауке, кој тврди дека неколку години бил злоставуван најмалку еднаш неделно. (Фото: ДПА)

    Детали од извештај кој укажува на неколкудецениско сексуално злоставување деца од страна на перверзни калуѓерки и свештеници од Надбискупијата на Келн беа објавени од неколку медиуми преку адвокатите на жртвите, откако тој претходно беше оценет како преексплицитен и прешокантен за да биде споделен со јавноста.

    Извештајот од 560 страници ги открива имињата на германски бизнисмени и вмешани припадници на свештенството кои „изнајмувале“ млади момчиња од калуѓерките кои воделе манастир во германскиот град Шпејер во 1960-ите и 1970-ите, по што морале да учествуваат во оргии и групен секс. Некои од момчињата служеле и како сексуални робови на предаторите.

    Вкупно 175 луѓе, главно момчиња на возраст од осум до 14 години, биле злоставувани, но извештајот не ги обвинува директно калуѓерките, туку вели дека „систематските грешки во управувањето и попустливоста кон оние кои биле обвинувани од децата овозможиле злоставувањата да продолжат“.

    Извештајот, за кој лани прв пишуваше „Дојче веле“, произлезе од судската тужба што ја покрена 63-годишниот Карл Хауке, кој со уште 15 бивши сирачиња побарал од Надбискупијата на Келн да спроведе целосна истрага за злоставувањата во Редот на сестрите на божествениот искупител. Истрагата беше заклучена овој месец, но деталите биле толку ужасни што надбискупот Рајнер Марија Велки одбил да ги објави.

    Хауке кажал дека бил злоставуван најмалку еднаш неделно од 11 до 14 години, најчесто од повеќе од еден свештеник.

    „Немам зборови да опишам што ни правеа, ниту знаевме што значи тоа. И тоа не заврши само со физичката болка, туку и свесно нѐ понижуваа“, рекол Хауке.

    Судската тужба покрена истрага и во други црковни редови, при што било откриено дека 1.412 луѓе кои живееле во манастири и парохии биле злоставувани како деца или тинејџери од страна на најмалку 654 припадници на свештенството. Околу 80% од жртвите биле мажи, а истражувањето утврдило и дека 80% од злоставувачите веќе се починати.

    Надбискупијата на Келн најави дека во март планира да објави нов извештај, кој се очекува повторно да биде цензуриран.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира