ГЕРМАНСКИОТ МИНИСТЕР ЗА ЗДРАВСТВО ЗАРАЗЕН СО КОРОНАВИРУС

    ГЕРМАНСКИОТ МИНИСТЕР ЗА ЗДРАВСТВО ЗАРАЗЕН СО КОРОНАВИРУСШпан е една од најистакнатите личности во борбата со коронавирусот во Германија (Фото: Ројтерс)

    Коронавирусот влезе и во германската влада откако позитивен тест имаше министерот за здравство Јенс Шпан.

    Министерството соопшти дека Шпан веднаш заминал во изолација и дека има симптоми налик на настинка. Канцеларката Ангела Меркел и останатите членови на владата засега нема да одат во изолација, иако се сретнале со Шпан на денешен состанок.

    „Федералниот кабинет се среќава во согласност со сите правила за хигиена и дистанца, што има за цел да обезбеди членовите да не мора да одат во карантин ако некој од нив подоцна има позитивен тест“, изјави портпаролот на владата.

    Четириесетгодишниот Шпан е една од најистакнатите личности во борбата со коронавирусот во Германија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира