ГЕРМАНСКИОТ ПАРЛАМЕНТ ЈА ЛЕГАЛИЗИРАШЕ МАРИХУАНАТА, НО И НАТАМУ ЌЕ БИДЕ ТЕШКО ДА СЕ КУПИ

    ГЕРМАНСКИОТ ПАРЛАМЕНТ ЈА ЛЕГАЛИЗИРАШЕ МАРИХУАНАТА, НО И НАТАМУ ЌЕ БИДЕ ТЕШКО ДА СЕ КУПИПушењето канабис на јавно место ќе стане легално од 1 април (Фото: Гети)

    Германскиот парламент денеска го усвои законот со кој се дозволува рекреативната употреба на марихуаната. Според него, сите над 18 години ќе смеат да поседуваат одредено количество, но ќе биде тешко да се купи.

    Пушењето канабис на јавно место ќе стане легално од 1 април. Притоа ќе биде дозволено да се поседуваат до 25 грама марихуана, а во домашни услови до 50 грама.

    Полицијата во некои делови на Германија и досега не правеше проблеми за пушење марихуана во јавност, но поседувањето за рекреативни цели беше незаконско и можеше да се оди на суд за тоа.

    Министерот за здравство Карл Лаутербах изјави дека новиот закон има за цел да го поткопа црниот пазар, да ги заштити корисниците од неквалитетна марихуана и да ги скрати приходите на организираните криминални групи. Сепак, легалните кофи-шопови нема одеднаш да се појават низ целата земја.

    Во Германија со години се водеше дебата за декриминализација на марихуаната, при што лекарските групи и конзервативците сметаа дека тоа ќе го поттикне користењето на дрогите. Лаутербах рече дека сегашната ситуација беше неодржалива.

    Бројот на корисниците на возраст од 18 до 25 години се удвои во последните десет години“, кажа тој.

    Пушењето канабис и натаму ќе биде забрането на некои места, како близу училишта и спортски терени. Исто така, пазарот ќе биде строго регулиран и купувањето нема да биде лесно. За почеток ќе постојат „социјални клубови за канабис“, при што секој од нив ќе може да има најмногу 500 членови и ќе се дистрибуираат ограничени количини.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира