ГЕРМАНЦИТЕ ОД 15 ЈУНИ ЌЕ МОЖАТ СЛОБОДНО ДА ПАТУВААТ ВО 31 ЕВРОПСКА ЗЕМЈА, НЕ И ВО МАКЕДОНИЈА

    ГЕРМАНЦИТЕ ОД 15 ЈУНИ ЌЕ МОЖАТ СЛОБОДНО ДА ПАТУВААТ ВО 31 ЕВРОПСКА ЗЕМЈА, НЕ И ВО МАКЕДОНИЈАМинистрите за надворешни работи на Германија и Луксембург на повторното отворање на границата меѓу двете земји (Фото: ЕПА)

    Канцеларката Ангела Меркел објави дека од следниот месец Германците ќе можат слободно да патуваат во 31 европска земја. На списокот не е Македонија.

    Германија воведе досега невидено предупредување за патувања на 17 март за да се спречи ширењето на коронавирусот и тоа ќе биде укинато на 15 јуни, што италијанскиот министер за надворешни работи Луиџи ди Мајо го опиша како „решавачки ден за туризмот во Европа“.

    „Тоа ќе биде како нов старт за Европа“, изјави Ди Мајо.

    Од 15 јуни, Германците ќе можат слободно да патуваат во 26-те членки на Европската Унија, плус Велика Британија и во останатите земји кои се дел од Шенген зоната, како Исланд, Норвешка, Лихтенштајн и Швајцарија.

    Германија прво ја отвори границата со Луксембург, а до 15 јуни истото ќе го направи со Австрија и Швајцарија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира