ГЕРМАНЦИТЕ СЀ ПОЧЕСТО СИ ГО СКЛАДИРААТ ЗЛАТОТО ВО БАНКИ, ВЕЛИ НОВО ИСТРАЖУВАЊЕ

    ГЕРМАНЦИТЕ СЀ ПОЧЕСТО СИ ГО СКЛАДИРААТ ЗЛАТОТО ВО БАНКИ, ВЕЛИ НОВО ИСТРАЖУВАЊЕГраѓаните чуваат околу 9.089 тони злато, најчесто во форма на плочки или монети. (Фото: „Фајненшл тајмс“)

    Германците во 2020 го складирале своето злато поради неизвесностите во ковид пандемијата, покажа неодамнешно истражување на приватниот универзитет „Штајнбајс“ во Берлин, по нарачка на „Рајзебанк“.

    Граѓаните чуваат околу 9.089 тони злато, најчесто во форма на плочки или монети. Тоа е скоро 269 тони повеќе од последното истражување во 2019, и најголема вредност регистрирана досега.

    Околу 3.900 тони злато се чува во форма на накит, стои во истражувањето на 2.000 возрасни граѓани во Германија.

    За споредба, германската Централна банка чува 3.362 тони во нивните валути.

    „Златото сѐ уште важи дека е безбедно во овие несигурно времиња“, вели Јенс Клајне од Истражувачкиот центар за финансиски услуги на „Штајнбајс“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира