ГИ СЛУШАМЕ САД, НО САМИ ЌЕ ОДЛУЧИМЕ КАКО ЌЕ МУ СЕ ОДМАЗДИМЕ НА ИРАН, ВЕЛИ ИЗРАЕЛ

    ГИ СЛУШАМЕ САД, НО САМИ ЌЕ ОДЛУЧИМЕ КАКО ЌЕ МУ СЕ ОДМАЗДИМЕ НА ИРАН, ВЕЛИ ИЗРАЕЛНетанјаху ѝ рекол на владата на Бајден дека е подготвен да нападне ирански воени цели (Фото: АП)

    Израел ќе ги слуша САД, но самиот ќе одлучува за своите акции во согласност со своите национални интереси, кажаа од кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Изјавата се надоврза на текст во „Вашингтон пост“, кој вели дека Нетанјаху ѝ рекол на владата на Џо Бајден дека Израел ќе ја нападне иранската војска, а не нуклеарни или нафтени цели.

    Израел сѐ уште не му се одмаздил на Иран за големиот ракетен напад од 1 октомври, иако се најавуваше дека тој може да се случи во секој момент.

    Повикувајќи се на два добро упатени извора, „Вашингтон пост“ објави дека Нетанјаху ѝ рекол на владата на Бајден дека е подготвен да нападне ирански воени цели, што укажува на поограничен контраудар, со цел да се спречи општа војна.

    Ги слушаме мислењата на САД, но сами ќе ја донесеме конечната одлука заснована врз нашите национални интереси“, рекоа од кабинетот на Нетанјаху.

    Бајден претходно изјави дека нема да поддржи израелски напад врз ирански нуклеарни цели, додека нафтениот пазар беше во паника поради можноста Израел да гаѓа ирански нафтени полиња, на што жестоко се противат и земјите од Персискиот Залив.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира