ГО МОЛЕВ ЏОНСОН ЗА „АСТРАЗЕНЕКА“, РЕЧЕ ВУЧИЌ ОТКАКО СРБИЈА ЈА ДОБИ ЧЕТВРТАТА ВАКЦИНА ПРОТИВ КОВИД-19

    ГО МОЛЕВ ЏОНСОН ЗА „АСТРАЗЕНЕКА“, РЕЧЕ ВУЧИЌ ОТКАКО СРБИЈА ЈА ДОБИ ЧЕТВРТАТА ВАКЦИНА ПРОТИВ КОВИД-19Во Белград стигнаа 150 илјади дози од вакцината на „АстраЗенека“. (Фото: Н1)

    Сто и педесет илјади дози од вакцината „АстраЗенека“ денеска стигнаа на белградскиот аеродром „Никола Тесла“. Српскиот претседател Алексанадар Вучиќ рече дека со оваа вакцина, Србија заедно со Обединетите Арапски Емирати се единствени земји кои имаат повеќе од три вакцини против ковид-19.

    „За ова беше потребно многу труд, како и пријатели од Обединетото Кралство и од Индија. Го молев Борис Џонсон, како и некои други лица од британската Влада, јас им се заблагодарувам на поддршката. Благодарен сум и на индискиот премиер, на министерот на надворешни работи. Вакцините ги добивме по најповолни цени, а од утре се достапни за нашите граѓани“, рече Вучиќ при дочекот на вакцините.

    Вучиќ апелираше до граѓаните да не се опуштаат и покрај тоа што имаат големи дози на вакцини. Вакцинацијата во Србија почна на 24 декември со вакцините на „Фајзер-Бионтек“, а потоа ја добија руската „спутник“ и кинеската вакцина.

    „Мораме да ја забрзаме вакцинацијата, до крајот на февруари да дојдеме барем до 1 милион кои ја примија првата доза, а бројката на ревакцинирани да стигне до 650 илјади, па во март ќе почувствуваме олеснување“, кажа српскиот претседател.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира