Американски воен транспортен авион слета на московскиот аеродром „Внуково“ денеска, покажаа податоците од сајтот за следење летови „Флајтрадар24“. Големиот „боинг глоубмастер“ летал од Рига, Латвија.
Кремљ соопшти дека нема информации за авионот.
Авионот пристигнал во Рига на 23 август од воздухопловната база Кемп Спрингс во близина на Вашингтон.
Последниот директен лет на американски авион од Европа до Русија се случи во јануари оваа година, кога специјалните пратеници Стив Виткоф и Џаред Кушнер пристигнаа за разговори за Украина.
Кремљ минатата недела соопшти дека нема информации за уште една посета на Кушнер и Виткоф бидејќи разговорите помеѓу САД и Русија за Украина во голема мера се заглавени поради војната во Иран.



