Битката на пожарникарите да го стават под контрола големиот шумски пожар што беснее јужно од Париз влегува во вториот ден. Пожарот во шумата Фонтенбло, опишан од официјалните лица како крајно опасен и исклучително обемен, делумно го затвори главниот автопат север-југ во Франција.
Министерот за внатрешни работи Лоран Нуњез посочи дека пожарот можеби е подметнат, откако официјални лица изјавија дека се проширил на 800 хектари во шумата на околу 60 километри југоисточно од Париз. Ангажирани се околу 400 пожарникари.
„Ова е првпат противпожарни авиони да бидат испратени од вообичаено посувиот и потопол југ на земјата за да се справат со пожарите во парискиот регион. Целта е да се спасат животи и имот“, изјави Ерик Брокарди од Националната федерација на пожарникари.
Нуњез појасни зошто властите ја истражуваат можноста дека пожарот бил подметнат.
„Имало околу 10 точки на палење во рамките на периметар од 1.000 метри, што укажува дека можеби бил намерно предизвикан“, рече Нуњез.
Фонтенбло е една од најголемите континуирано пошумени области во Западна Европа. Повеќе од 1.000 жители и туристи се евакуирани, бидејќи властите кажаа дека пламенот брзо се движи напред.



