ГОЛЕМИТЕ СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ ПРЕД ТУЖБИ ОТКАКО СТАПИЈА НА СИЛА ЕВРОПСКИТЕ ПРАВИЛА ЗА ЗАШТИТА НА ПОДАТОЦИТЕ

    ГОЛЕМИТЕ СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ ПРЕД ТУЖБИ ОТКАКО СТАПИЈА НА СИЛА ЕВРОПСКИТЕ ПРАВИЛА ЗА ЗАШТИТА НА ПОДАТОЦИТЕКомесарот за правда на ЕУ Вера Журова во кажа дека скандалот со Фејсбук беше повик за будење за сите.- Марк Закерберг, еден од основачите на социјалната мрежа Фејсбук (Фото: АП)

    Група за заштита на податоци поднесе жалба против четири од најпознатите светски социјални мрежи, согласно новите упатства од ЕУ дизајнирани да ги заштитат податоците, а кои стапија на сила денес.
    Групата „Нојб“ или скратено од „Не е ваша работа“, со седиште во Виена, кажа дека почнала активност против Гугл, Фејсбук, ВотсАп и Инстаграм, со тврдења дека овие компании ги принудуваат нивните корисници да дадат лични податоци, со закана дека ќе им ги исклучат сервисите, ако не се согласат.
    Долгорочно планирано, Регулативата за генерална заштита на податоците (ГДПР) стапи на сила уште пред два месеца, откако беше откриено дека несоодветно се споделувани информациите од корисниците на Фејсбук.

    „Со оваа жалба сакаме да бидеме сигурни дека ГДПР ќе се имплементира на нормален начин, без да се оди кон тоа само да се бара согласност“, велат „Нојб“ во соопштение до јавноста.

    Групата потенцираше дека на компаниите им е дозволено да користат податоци од клиентите само за нивните бизнис цели. Ако тие сакаат да ги продадат, да ги користат или да ги рекламираат, ним им е потребна согласност од клиентите, и таа не смее да биде врзана со укинување услуги.

    Организациите кои ги прекршуваат новите правила може да бидат казнети со 20 милиони евра, или 4 отсто од нивниот годишен промет, зависно што е поголемо.

    „Нојб“ велат дека нивните жалби може да предизвикаат максимални казни од 3,7 милијарди евра за Гугл, и 1,3 милијарди евра за Инстаграм, ВотсАп и Фејсбук.

    Новите правила предвидуваат дека компаниите може да собираат податоци само за она што е неопходно и дека мора да бидат транспарентни како ги користат податоците. Тие дозволуваат индивидуалци да проверуваат во базата на нивните податоци, како и да бараат одредени податоци да се избришат.

    Во последен момент беше прифатено барањето стандардите за приватност на Интернет да важат и за приватните адреси за е-пошта, и многу компании во последен момент испратија барања до нивните корисници да се потпишат на новите стандарди.

    Иницијативата за групата „Нојб“ е на Макс Шермс, австриски адвокат, кој претходно се бореше со Фејсбук околу ракувањето со податоците од корисниците.

    Комесарот за правда на ЕУ Вера Журова во кажа дека скандалот со Фејсбук беше повик за будење за сите.

    „Се потврди дека без модерни правила за заштита на податоците, личните податоци може да бидат злоупотребени и дека дури во крајна линија може да ги загрозат нашите демократии“, рече Журова.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари