ГОВОРОТ НА МЕРИЛ СТРИП ДОНЕСЕ ИЛЈАДНИЦИ ДОЛАРИ ДОНАЦИИ ЗА КОМИТЕТОТ ЗА ЗАШТИТА НА НОВИНАРИ

a:1:{s:9:"td_source";s:33:"САД,(разниизвори)

    ГОВОРОТ НА МЕРИЛ СТРИП ДОНЕСЕ ИЛЈАДНИЦИ ДОЛАРИ ДОНАЦИИ ЗА КОМИТЕТОТ ЗА ЗАШТИТА НА НОВИНАРИ

    Говорот на Мерил Стрип на доделувањето на Златните глобуси во неделата предизвика наплив на донации за Комитетот за заштита на новинари (КЗН). До вчера напладне, КЗН доби над 700 онлајн донации во вкупен износ од 60.000 долари, соопшти организацијата. Тоа е за 140 пати повеќе од вообичаеното, а донациите уште пристигаат.

    Примајќи ја наградата за животно дело, Стрип се осврна на турбулентната врска со медиумите на новоизбраниот претседател Доналд Трамп. Преносот од настанот го следеа 20 милиони луѓе, а таа ги повика гледачите да ја поддржат слободата на медиумите. Лани беше најлошата година досега според бројот на затворени новинари во светот, според КЗН, непрофитна организација која е посветена на заштита на слободата на медиумите.

    Стрип ги повика новинарите да бараат одговорност од Трамп за секој негов испад:

    „Току затоа основачите на нашата земја го втемелија новинарството и слободите на медиумите во Уставот. Затоа, го  повикувам славното Холивудско здружение на странски новинари  и сите ние во заедницата да го поддржиме Комитетот за заштита на новинари, зашто тие ќе ни требаат во престојниов период, а ние ќе им требаме ним за да ја заштитат вистината“.

    КЗН ги документира и истражува случаите во кои се прекршени новинарските слободи на медиумите и овозможува финансиска помош за новинарите во опасност. Исто така, работи и со шефови на држави и други дипломатски службеници за да бара правда за затворените новинари. Оваа непрофитна организација има 40 вработени во целиот свет и собра над 1 милион од донаци во 2016.

    И прекршувањата на слободата на медиумите во Македонија е тема на истражувањата на КЗН, а меѓу извештаите е и оној од март, 2015 кога лидерот на СДСМ Зоран Заев на една од прес конференцииите на кои ги презентираше таканаречените „бомби“ откри дека власта на ВМРО-ДМПНЕ прислушувала и над 100 новинари и им ги подели папките со нивните прислушувани разговори на засегнатите новинари.

    Во октомври лани, за време на претседателската кампања во САД, Комитетот за заштита на новинари соопшти дека претседателството на Доналд Трамп би претставувало фундаментална закана за медиумските слободи. Во изјавата, претседателката на КЗН Сандра Мимс Роув напиша:

    „Последиците за правата на новинарите во светот би биле далеку посериозни… би ги охрабрило диктаторите и деспотите да ги ограничат медиумите во нивните земји“. Овој став на Комитетот е остар и без преседан. Комитетот изјави дека нема да се определи за ниеден кандидат, но заклучи дека Трамп „претставува закана за медиумските слободи каква што не е позната досега во современата историја на САД“.

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира