ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА НА ВАШИНГТОН ГО ПРОМЕНИ ИМЕТО НА ПЛОШТАДОТ ПРЕД БЕЛАТА КУЌА ВО „ЦРНИТЕ ЖИВОТИ ЗНАЧАТ“

    ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА НА ВАШИНГТОН ГО ПРОМЕНИ ИМЕТО НА ПЛОШТАДОТ ПРЕД БЕЛАТА КУЌА ВО „ЦРНИТЕ ЖИВОТИ ЗНАЧАТ“Истовремено беше откриен десетици метри долг мурал насликан на улицата која води кон Белата куќа (Фото: Гети)

    Градоначалничката на Вашингтон го промени името на плоштадот пред Белата куќа во „Црните животи значат“ (Black Lives Matter Plaza), во инает на Доналд Трамп. Демократката Мјуриел Баусер притоа откри десетици метри долг мурал насликан на улицата која води кон Белата куќа, на кој исто така пишува „Црните животи значат“.

    Таа побара од Трамп да ги повлече федералните војници од Вашингтон. Трамп распореди илјадници војници во градот како одговор на протестите кои се одржуваат низ САД веќе десетина дена како реакција на убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд, при што неретко беа насилни и исполнети со грабежи и палежи.

    „Како жители на Вашингтон, сите ние сакаме да биде тука за да покажеме дека во Америка може мирно да се протестира и да се бара од владата да направи промени“, изјави Баусер, откривајќи го новото име на плоштадот пред црквата „Сент Џон“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира