ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ГДАЊСК ПОЧИНА ОТКАКО БЕШЕ ИЗБОДЕН СО НОЖ ПРЕД ИЛЈАДНИЦИ ЛУЃЕ

    ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ГДАЊСК ПОЧИНА ОТКАКО БЕШЕ ИЗБОДЕН СО НОЖ ПРЕД ИЛЈАДНИЦИ ЛУЃЕПавел Адамович беше градоначалник на Гдањск од 1998 година (Фото: ЕПА)

    Градоначалникот на Гдањск, Павел Адамович, кој синоќа беше избоден со нож на хуманитарен настан во центарот на градот, почина во болницата.

    Тој беше примен во болница со сериозни повреди во пределот на стомакот, по што бил опериран пет часа, но и покрај тоа, лекарите ја оценуваа неговата состојба како критична. Голем број жители на Гдањск донираа крв за да се спаси животот на 53-годишниот Адамович.

    Адамович беше нападнат на сцена за време на традиционален божиќен хуманитарен настан. Полицијата објави дека напаѓачот е 27-годишник, кој неодамна бил пуштен од затвор. Тој тврдел дека неоправдано бил затворен од претходната власт, која го поддржала реизборот на Адамович и дека бил мачен во затворот.

    Не можевме да победиме“, изјави полскиот министер за здравство Лукаш Шумовски, алудирајќи на тешката состојба на Адамович.

    Адамович беше популарен, либерален градоначалник на Гдањск повеќе од 20 години, но и омразен меѓу крајните десничари поради неговата поддршка за мигрантите, бегалците и ЛГБТ-заедницата.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира