ГРАЃАНИТЕ НА РАЈХОТ СЕ ПРЕТВОРИ ОД ГРУПА БУДАЛИ ВО РАДИКАЛНО ДВИЖЕЊЕ КОЕ ПЛАНИРАШЕ ДРЖАВЕН УДАР ВО ГЕРМАНИЈА

    ГРАЃАНИТЕ НА РАЈХОТ СЕ ПРЕТВОРИ ОД ГРУПА БУДАЛИ ВО РАДИКАЛНО ДВИЖЕЊЕ КОЕ ПЛАНИРАШЕ ДРЖАВЕН УДАР ВО ГЕРМАНИЈАМеѓу уапсените е и еден од лидерите на групата, принцот Хајнрих Тринаесетти Ројс (Фото: АП)

    Рајхсбиргер долго време беше предмет на национален потсмев, чии припадници се сметаа за обични будали. Дваесет и петмина членови на ова движење денеска се уапсени по рации низ цела Германија, осомничени дека сакале да извршат државен удар и да воспостават ново германско царство на чело со принцот Хајнрих Тринаесетти, потомок на благородничката куќа Ројс.

    Безбедносните служби велат дека Рајхсбиргер или Граѓаните на Рајхот станало порадикално и поопасно движење. Оваа група не ја признава поствоената германска држава и ја отфрла власта на нејзината влада. Ова не е организирано национално движење, туку збир на мали групи и поединци расфрлани низ целата Германија кои делат исто верување.

    Некои печатат и свои пари и лични карти и сонуваат за креирање сопствена автономна држава. Други одбиваат да плаќаат даноци, а многумина поседуваат оружје.

    Властите проценуваат дека припадниците на Рајхсбиргер извршиле над 1.000 екстремистички кривични дела во 2021, двојно повеќе од 2020. Од 21.000 членови, се верува дека само 5% се крајнодесничарски екстремисти, а 10% се потенцијално насилни.

    Тие имаат врски во германската војска, а пандемијата дополнително ја радикализираше групата“, вели Миро Дитрих, експерт за групи кои шират теории на заговор.

    Федералните обвинители изјавија дека членовите на Рајхсбиргер веруваат во бројни теории на заговор и демонстрираа заедно со антиваксерите, негаторите на ковид-19 и приврзаниците на движењето Кјуенон на масовните протести во изминатите години.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира