ГРЧКАТА ВЛАДА ПРЕЗЕДЕ ДВЕ ПРИВАТНИ КЛИНИКИ ВО СОЛУН ЗА ЛЕКУВАЊЕ ПАЦИЕНТИ СО КОВИД-19

    ГРЧКАТА ВЛАДА ПРЕЗЕДЕ ДВЕ ПРИВАТНИ КЛИНИКИ ВО СОЛУН ЗА ЛЕКУВАЊЕ ПАЦИЕНТИ СО КОВИД-19Државата ќе им плати надомест на клиниките, како и платите на вработените додека управува со нив (Фото: АП)

    Грчките власти презедоа две приватни клиники во Солун, додека јавните болници во регионот се мачат да се справат со сѐ поголемиот број пациенти со ковид-19. Ова следува откако приватните болници го одбиле барањето да отстапат кревети за болни од ковид-19 во северна Грција, каде што има најсериозно ширење на заразата.

    „И покрај сите напори, не успеавме да најдеме заемно прифатливо решение“, објави министерството за здравство, додавајќи дека клиниките и целиот нивни кадар присилно се преземени денеска.

    Една клиника има 110, а другата 140 кревети. Државата ќе им плати надомест на клиниките, како и платите на вработените додека управува со нив. Портпаролот на владата Стелиос Пецас кажа дека нема опасност за пренесување на вирусот врз останатите пациенти во болниците.

    „Кога сме во војна, целата земја се третира како една здравствена единица“, изјави Пецас.

    Грција претходно воведе национален карантин, што ќе биде на сила најмалку до крајот на месецот.

     

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира