Грчкиот парламент в четврток ќе гласа за Договорот од Преспа, со кој треба да се стави крај на 27-годишниот спор за името помеѓу Скопје и Атина, кажа функционер од парламентот за агенцијата „Ројтерс“
Македонското собрание минатиот месец го ратификуваше договорот, со што името на државата се менува во Република Северна Македонија, под услов тој да се ратификува и во грчкиот парламент. Се очекува Договорот од Преспа да помине и во парламентот во Атина, со што Македонија конечно ќе може да го почне процесот на придружување кон НАТО и Европска Унија, на што Грција досега постојано ставаше вето.
Функционерот, кое бараше да остане анонимен, изјави дека парламентарната дебата треба да почне в среда и да заврши со гласање в четврток вечер.
Се верува дека премиерот Алексис Ципрас, чија влада минатата недела го преживеа гласањето за доверба во парламентот, има обезбедено мнозинство гласови за усвојување на договорот. На Ципрас ќе му бидат доволни и половина од присутните пратеници, но тој кажа дека сака апсолутно мнозинство од 151 пратеник.