Грчката влада објави дека ќе им понуди 150 евра на сите лица од 18 до 25 години со цел да ги мотивира да примат барем една доза од вакцината против ковид-19, во обид да ја засили имунизацијата во земјата.
Премиерот Кирјакос Мицотакис изјави дека овие припејд картички наречени „пропусници за слобода“ ќе ги покриваат трошоците за патување и забава, како авионски карти, концерти, кино, театар, музеи и археолошки локалитети.
Презентирајќи ја картичката пред министрите, Мицотакис изјави дека е свесен за цената што долготрајната пандемија го оставила врз друштвениот живот на луѓето.
„Ова е долг кон нашата младина, подарок за благодарноста, особено во пресрет на летото. Ова е благодарам за вашето трпение и истрајност. Во исто време, ова е поттик младите да се вакцинираат. Колку се позаштитени, толку повеќе ќе го ограничиме ширењето на вирусот“, изјави Мицотакис.
Картичките ќе бидат достапни до крајот на јули.