Грција ги повика европските земји да преминат од зборови на солидарност и да дејствуваат додека се мачи да им обезбеди засолниште на илјадници мигранти кои избегаа од пожарот кој целосно го уништи кампот на островот Лезбос.
Франција, Германија и Холандија се понудија да примат дел од мигрантите, откако германската канцеларка Ангела Меркел кажа дека Европската Унија мора да преземе повеќе одговорност.
Околу 13.000 мигранти беа сместени во кампот Морија и тие веќе три ноќи спијат по патишта, полиња, паркинзи, па дури и гробишта откако беа принудени да избегаат. И додека владата кажа дека ќе ѝ бидат потребни денови за да најде сместување за сите, локалните жители ги блокираа патиштата за да ја спречат доставата на хуманитарна помош и се изјаснија против поставувањето на нови шатори.
„Мигрантската криза е проблем на цела Европа. Таа мора да премине од зборови на дела и да покаже солидарност“, изјави грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис.
Меркел кажа дека Германија, Франција и Холандија се согласиле да примат 400 деца без придружба, додека Грција испрати три брода, на кои ќе бидат сместени околу 2.000 мигранти.