ГРЦИЈА КАЗНИ ПЕТ ЛАНЦИ НА СУПЕРМАРКЕТИ СО РЕЧИСИ 400.000 ЕВРА ЗАШТО ПРЕМНОГУ ГИ ПОКАЧУВАЛЕ ЦЕНИТЕ

    ГРЦИЈА КАЗНИ ПЕТ ЛАНЦИ НА СУПЕРМАРКЕТИ СО РЕЧИСИ 400.000 ЕВРА ЗАШТО ПРЕМНОГУ ГИ ПОКАЧУВАЛЕ ЦЕНИТЕНајголемата поединечна казна изнесува 319.900 евра (Фото: Катимерини)

    Пет големи ланци на супермаркети во Грција се казнети со вкупно 382.497 евра за профитирање откако премногу ги зголемиле цените на своите производи, објави министерството за развој. Најголемата казна е изречена за „АБ Василопулос“, кој има холандски сопственик, кој ќе мора да плати 319.900 евра.

    Грчката подружница на „Лидл“ доби казна од 26.880 евра.

    И останатите три ланци се казнети со помалку од 50.000 евра, но властите ги објавија нивните имиња зашто во повеќе наврати го имаат повторено прекршокот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира