ГРЦИЈА ЌЕ ГИ ЗАТВОРА ФИРМИТЕ КОИ ГИ ПРИМААТ НЕВАКЦИНИРАНИТЕ НА РАБОТА АКО ИМА ЧЕТВРТИ БРАН НА ПАНДЕМИЈАТА

    ГРЦИЈА ЌЕ ГИ ЗАТВОРА ФИРМИТЕ КОИ ГИ ПРИМААТ НЕВАКЦИНИРАНИТЕ НА РАБОТА АКО ИМА ЧЕТВРТИ БРАН НА ПАНДЕМИЈАТАПораката на владата е јасна: вакцинираните можат да се вратат во нормален живот, а невакцинираните не можат (Фото: АНА/МПА)

    Грчката влада инсистира дека вакцинираните лица ќе ги имаат повеќето привилегии откако земјата ќе се врати во нормала и дека нема да има повторни затворања во економијата и во социјалниот живот само за да се заштитат оние кои одбиваат да се вакцинираат против ковид-19.

    Весникот „Катимерини“ објави дека во случај на четврти бран на пандемијата, ќе се затвораат фирмите кои на работа ги примаат и вакцинираните и невакцинираните работници. Оние што не се вакцинирани ќе имаат ограничувања и во патувањата, па на островите ќе можат да одат само ако претходно се тестираат.

    Властите признаваат дека Грција сè уште е далеку од постигнување колективен имунитет, бидејќи досега е вакцинирано само 35,54% од населението.

    „Пораката на владата е јасна: вакцинираните можат да се вратат во нормален живот, а невакцинираните не можат. Од септември нема да има општи рестриктивни мерки, туку само локализирани и тоа ќе се однесува само на луѓето кои не се имунизирани“, изјави вицепремиерот Акис Скерцос.

    Тој додаде дека се укинува финансиската поддршка за компаниите, а вакцинираните постепено ќе се враќаат во животот што постоеше пред пандемијата, што веќе е почнато.

    „Само 0,28% од вакцинираните се заразиле со коронавирус, што значи дека ризикот од зараза кај оваа група е многу мал“, рече Скерцос.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира