ГРЦИЈА НА 15 ЈУНИ СЕ ОТВОРА ЗА СТРАНСКИТЕ ТУРИСТИ, НЕМА ДА ОДАТ ВО КАРАНТИН, НО ЌЕ ИМА ТЕСТИРАЊА ПО СЛУЧАЕН ИЗБОР

    ГРЦИЈА НА 15 ЈУНИ СЕ ОТВОРА ЗА СТРАНСКИТЕ ТУРИСТИ, НЕМА ДА ОДАТ ВО КАРАНТИН, НО ЌЕ ИМА ТЕСТИРАЊА ПО СЛУЧАЕН ИЗБОРГрција изминатиот викенд почна да ги отвора плажите (Фото: Екатимерини)

    Премиерот Кирјакос Мицотакис објави дека туристичката сезона во Грција официјално ќе почне на 15 јуни, а од 1 јули ќе бидат дозволени и меѓународни летови од речиси сите држави.

    Министерот за туризам Харис Теохарис изјави дека на туристите кои доаѓаат во Грција нема да им се бара потврда за негативен тест за коронавирус, ниту ќе одат во карантин, но властите го задржуваат правото да прават тестови по случаен избор.

    „Предност за влез во Грција ќе имаат туристите кои доаѓаат од земјите кои имаат добри резултати во борбата со коронавирусот“, кажа Теохарис, наведувајќи ги балтичките и балканските земји и земјите од северна Европа.

    За меѓународните летови до 1 јули ќе биде отворен само аеродромот во Атина, а хотелите и авиокомпаниите ќе мора да исполнат посебни здравствени протоколи, за да се спречи ширењето на коронавирусот во туристичките дестинации.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира