Грчките власти велат дека нашле околу 70 мигранти, меѓу кои и деца, во шумска област во предградието на северниот град Солун.
Групата, за која велат дека биле од Сирија, ја преминала грчко-турската граница и биле транспортирани во таа област скриени во камион. Возачот на камионот ги оставил во шумата вчера и тие ја поминале ноќта на снег. Во изминатите два дена температурата паднала под нулата низ целата земја.
Според договорот, склучен меѓу Европската Унија и Турција во март, сите мигранти и бегалци кои пристигнуваат на грчките острови од Турција, се депортираат назад во Турција. Договорот, сепак, не се однесува на тие кој што ја преминуваат границата меѓу двете држави.