ГРЦИЈА ОДИ НА НОВИ ИЗБОРИ НА 25 ЈУНИ, НО СПОРЕД НОВ ИЗБОРЕН ЗАКОН

    ГРЦИЈА ОДИ НА НОВИ ИЗБОРИ НА 25 ЈУНИ, НО СПОРЕД НОВ ИЗБОРЕН ЗАКОННовиот состав на парламентот веднаш ќе биде распуштен (Фото: АП)

    Новоизбраните грчки пратеници вчера положија заклетва, но нивниот мандат ќе трае многу кратко, зашто парламентот ќе биде распуштен уште денеска, најдоцна утре. Ниедна партија не постигна мнозинство на изборите на 21 мај, па Грција ќе оди на нови избори, кои ќе се одржат на 25 јуни, и тоа според нов изборен закон.

    Владејачката партија Нова демократија освои 40,79% гласови, односно 146 пратенички места, пет помалку од потребното мнозинство. Главната опозициска партија Сириза се избори за 71 пратеник, а на третото место заврши ПАСОК.

    Немаше обид да се создаде коалиција и лидерите на трите најголеми партии веднаш го вратија мандатот за формирање влада. Сите страни уште минатата недела најавија дека ќе има нови избори.

    Според новиот изборен закон, победничката партија ќе добие уште 25-50 пратенички места, во зависност од постигнатиот резултат. Иако Нова демократија на премиерот Мицотакис повторно ќе биде изразен фаворит, тоа не значи дека автоматски ќе има мнозинство: колку повеќе партии влезат во парламентот, толку ќе биде поголем уделот на гласовите потребни за целосно мнозинство.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира