Грчката полиција денеска се судри со маскирани млади демонстранти во Атина, откако илјадници маршираа на одбележувањето на крвавите студентски протести во 1973 година, што помогна да се урне тогашната воена хунта.
Над 10.000 луѓе мирно маршираа кон амбасадата на САД, што некои Грци ги обвинуваат дека ја поддржувале седумгодишната диктатура. Над 5.000 полицајци биле распоредени на улиците заради протестот.
Полицијата мораше да употреби солзавец, откако демонстранти со качулки почнаа да фрлаат камења и Молотови коктели во областа Ехаркија во централна Атина.
Годишниот марш редовно се претвора во протест против владините политики и мерките за штедење, кои беа воведени по големата економска криза во 2010 година, кога стотици илјади луѓе останаа без работа. Многумина од нив ја обвинуваат политичката елита дека ја довела државата до банкрот.