„ГУГЛ“ ГО ОТПУШТИ ИНЖЕНЕРОТ КОЈ КАЖА ДЕКА ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ИМА ЧУВСТВА

    „ГУГЛ“ ГО ОТПУШТИ ИНЖЕНЕРОТ КОЈ КАЖА ДЕКА ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ИМА ЧУВСТВА„Гугл“ кажа дека тврдењата на Блејк Лемоин се неосновани (Фото: Гети)

    Гугл“ го отпушти инженерот кој тврдеше дека вештачката интелигенција има чувства. Минатиот месец, Блејк Лемоин излезе во јавност со неговата теорија дека јазичната технологија на „Гугл“ е чувствителна и затоа бара да биде почитувана.

    Гугл“ и неколкумина други експерти за вештачка интелигенција го негираа оваа и компанијата потврди дека вчера го отпуштила Лемоин.

    Тврдењата на Лемоин за нашата технологија ЛАМДА се целосно неосновани. И покрај бројни долги разговори со него на оваа тема, тој продолжи да ги нарушува јасните политики за безбедност на вработените и податоците“, соопшти компанијата.

    ЛАМДА е напредна технологија за која „Гугл“ вели дека може да се впушти во течен разговор. Лемоин заклучи дека таа има свест налик на човечка.

    Открив дека ЛАМДА има самосвест и дека би можела да разговара за религија, емоции и стравови. Нејзините импресивни говорни вештини би можеле да произлегуваат од чувствителниот ум“, кажа Лемоин минатиот месец.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира