ХАМАС ВЕЛИ ДЕКА СЕ БЛИСКУ ДО ДОГОВОР ЗА ПРИМИРЈЕ СО ИЗРАЕЛ

    ХАМАС ВЕЛИ ДЕКА СЕ БЛИСКУ ДО ДОГОВОР ЗА ПРИМИРЈЕ СО ИЗРАЕЛДоговорот би можел да вклучи петдневно примирје со прекин на копнените борби (Фото: АП

    Шефот на Хамас изјави дека се блиску до постигнување договор за примирје со Израел, иако двете страни продолжуваат со борбите и бомбардирањата.

    Блиску сме до договор за примирје со Израел. Го испративме нашиот одговор до катарските преговарачи“, изјави шефот на палестинската милитантна група Исмаил Ханијех.

    Во неговата изјава немаше повеќе детали, но друг функционер на Хамас кажа дека преговорите се насочени на должината на примирјето, испораката на хуманитарна помош во Газа и на размената на заложници што ги држи Хамас за палестински затвореници во Израел. Двете страни би ослободиле жени и деца, а деталите ќе бидат објавени во Катар, кој посредува во преговорите.

    Се проценува дека Хамас и другите групи земале околу 240 заложници во нападот на 7 октомври.

    Претседателката на Меѓународниот комитет на Црвен крст (ИЦРЦ), Мирјана Шпољариќ, се сретнала со Ханијех во Катар за да разговараат за хуманитарни прашања поврзани со конфликтот, како и со катарските власти. ИЦРЦ кажа дека не е дел од преговорите за ослободување заложници, туку ќе дејствува како неутрален посредник при идни такви договори.

    Според агенцијата АФП, договорот би можел да вклучи петдневно примирје со прекин на копнените борби и ограничувања на израелските воздушни напади, при што палестинските милитантни групи би ослободиле меѓу 50 и 100 заложници, а за возврат, околу 300 Палестинци би биле пуштени од израелските затвори.

    И од Белата куќа кажаа дека двете страни се најблиску до договор за примирје од почетокот на војната.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира