ХАРВИ ВАЈНСТИН И ОФИЦИЈАЛНО ОБВИНЕТ ЗА СИЛУВАЊЕ

    ХАРВИ ВАЈНСТИН И ОФИЦИЈАЛНО ОБВИНЕТ ЗА СИЛУВАЊЕХарви Вајнстин денеска ѝ се предаде на њујоршката полиција, по што беше уапсен (Фото: АП)

    Моќниот холивудски продуцент Харви Вајнстин е обвинет за силување и за неколку други случаи на сексуална злоупотреба, откако денеска ѝ се предаде на полицијата во Њујорк.

    Десетици жени, од кои повеќето актерки, го обвинија Вајнстин за силување, сексуален напад и сексуално вознемирување, што тој цело време го демантираше и ова е првпат да се покрене случај против него.

    „Вајнстин е уапсен и обвинет за силување, криминален сексуален чин, сексуална злоупотреба и за недолично сексуално однесување во инциденти во коишто се вклучени две жени“, објави полицијата на Њујорк.

    Во изјавата на полицијата им се изразува благодарност на „храбрите жени кои излегле во јавност за да побараат правда“.

    Други детали од обвинението не се објавени.

    Обвинувањата против Вајнстин покренаа две големи движења против сексуалното вознемирување и го свртеа вниманието на светската јавност кон овој проблем, пред сѐ, во Холивуд.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира