ХИЛАРИ КЛИНТОН Е ПРВА ЖЕНА НОМИНИРАНА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА САД

a:1:{s:9:"td_source";s:33:"САД,(разниизвори)

    ХИЛАРИ КЛИНТОН Е ПРВА ЖЕНА НОМИНИРАНА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА САД

    Демократската конвенција ноќеска формално ја номинираше Хилари Клинтон за кандидат за претседател, историска одлука да се избере жена да биде прв знаменосец на голема политичка партија, пробив што го одбележа длабоко личниот говор на Бил Клинтон, кој ја нарече „најдобриот носител на промени што го знам“.

    Во моментот на номинацијата делегатите вееја шарени знамиња со логото „Х“ на кампањата на Клинтон, многумина се гушкаа, а неколку жени скокаа од радост.

    Винс Инсалако, претседател на Демократската партија од Арканзас, каде Клинтонови го изградија својот јавен профил овие 2 децении, рече дека изборот за жена претседателски кандидат е историски момент.

    „Се гордеам што сум демократ вечерва, и особено сум горд што оваа жена може да ја сметаме за своја“, рече Инсалако.

    Главниот ривал на Хилари, сенаторот Берни Сандерс од Вермонт имаше симболична улога во обединувањето на партијата зад Клинтон кога повика за поддршка..

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари