ХОЛАНДИЈА ГИ ОЛЕСНИ НАЈСТРОГИТЕ КОРОНАМЕРКИ ВО ЕВРОПА ИАКО БЕЛЕЖИ РЕКОРДНИ БРОЈКИ НА ЗАРАЗЕНИ

    ХОЛАНДИЈА ГИ ОЛЕСНИ НАЈСТРОГИТЕ КОРОНАМЕРКИ ВО ЕВРОПА ИАКО БЕЛЕЖИ РЕКОРДНИ БРОЈКИ НА ЗАРАЗЕНИПремиерот Руте изјави дека земјата ќе ризикува со олеснувањето на мерките (Фото: Гети)

    Холандија одлучи од денеска значително да ги олесни коронамерките, кои важеа за едни од најстрогите во Европа, и покрај тоа што бележи рекордни бројки на заразени. Баровите, рестораните и музеите беа целосно затворени од 18 декември во обид да се спречи ширењето на омикрон, но и покрај тоа, бројот на нови случаи на зараза продолжи да расте, до 60.000 на ден.

    Премиерот Марк Руте изјави дека земјата ќе ризикува со олеснувањето на мерките, откако во изминатите недели се намалил бројот на смртни случаи и хоспитализирани. Новите правила ќе важат до 8 март.

    Според нив, угостителските објекти ќе работаг до 22 часот, но гостите ќе мора да приложат доказ за вакцинирање или за прележан ковид-19. Ноќните клубови остануваат затворени, додека бројот на посетителите на спортските и културните настани ќе биде ограничен на 1.250.

    „Коронавирусот не е грип, но олеснувањето на мерките е важно. Ако продолжиме да живееме со големи ограничувања, тоа ќе биде штетно за нашето здравје и нашето општество“, изјави министерот за здравство Ернст Кујперс.

    Минатата недела, Холандија регистрираше вкупно 366.120 нови случаи на зараза, што е пораст од 51%.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира