Холандија оваа недела ќе влезе во најстрог карантин од почетокот на пандемијата на коронавирусот, како што се очекува премиерот Марк Руте да објави затворање на сите продавници и училишта на најмалку еден месец.
Руте денеска одржа вонреден состанок по драстичниот пораст на бројот на заразени и повлече необичен потег, повикувајќи ги лидерите на сите политички партии да се вклучат во дискусијата во парламентот.
Новите мерки ќе бидат соопштени вечерва, но холандските медиуми објавија дека сите училишта и несуштински продавници ќе бидат затворени до 19 јануари, исто како и теретаните, музеите, кината, зоолошките градини, фризерниците и салоните за убавина. Отворени ќе останат само супермаркетите, банките и аптеките.
Холандија денеска потврди 8.500 нови случаи на зараза, откако ден порано беа речиси 10.000, што беше најголем дневен пораст во последните шест недели.