ХОЛАНДИЈА ПРВПАТ САКА ДА МУ ВОВЕДЕ ДАНОК НА КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО, КОЕ ЛАНИ ДОБИЛО 11,6 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ГРАЃАНИТЕ

    ХОЛАНДИЈА ПРВПАТ САКА ДА МУ ВОВЕДЕ ДАНОК НА КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО, КОЕ ЛАНИ ДОБИЛО 11,6 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ГРАЃАНИТЕПокрај приватниот приход, кралското семејство добива пари ослободени од данок од даночните обврзници (Фото: ЕПА)

    Холандските пратеници следната недела ќе гласаат за првиот чекор за воведување данок на доход за кралот Вилем-Александер и неговото семејство, за што ќе биде потребна и измена на уставот.

    Син плик за сината крв“, изјави Сандра Бекерман, пратеничката од Социјалистичката партија, алудирајќи на пликот во кој даночното писмо стига на адресите на холандските граѓани.

    Со првиот чекор се бара од владата да предложи уставна промена, за чие усвојување ќе биде потребно двотретинско мнозинство во двата дома на парламентот. Овој предлог има значајна поддршка во Претставничкиот дом, но нејасно е како ќе помине во Сенатот.

    Герт Вилдерс, чија десничарска партија победи на последните избори, но досега не успеа да формира влада, ја поддржува даночната промена, на која се противеше досегашниот премиер Марк Руте, сметајќи дека воведување уставен амандман е прекомплицирано.

    Покрај приватниот приход, кој само делумно се оданочува, кралското семејство добива пари ослободени од данок од даночните обврзници. Во 2023, кралот и неговото најблиско семејство примиле 11,6 милиони евра од холандските граѓани.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира