Холандската влада објави дека ќе поднесе колективна оставка откако илјадници семејства биле погрешно обвинети за измама со детски додаток и им било кажано да ги вратат парите.
Семејствата претрпеле невидена неправда, заклучија пратениците, останувајќи во немилост на даночниците, политичарите, судиите и јавните службеници. Повеќето од семејствата биле со мигрантско потекло, а стотици потоа се соочиле со финансиски проблеми. Скандалот почна во 2012 година и бројот на вклучени родители би можел да биде 26.000.
Премиерот Марк Руте ќе му ја предаде на кралот оставката на целиот свој кабинет, јавуваат холандските медиуми. Се очекува владата да продолжи да ги извршува обврските до март, кога ќе се одржат парламентарни избори.
Ова не е прва колективна оставка на холандската влада. Ваков случај имаше и во 2002 година поради извештај во кој министри и војската беа критикувани дека не успеале да го спречат масакрот на муслиманите во Сребреница.