Холандски телевизиски истражувачки новинар се бори за живот откако беше застрелан во вторникот навечер во Амстердам враќајќи се кон својот автомобил по гостување на телевизиска емисија, јави DutchNews.nl.
Изворите на медиумот велат дека новинарот Питер де Вријс бил застрелан во глава и пренесен во болница.
Локалната полиција објави дека двајца осомничени, меѓу кои и можниот убиец се уапсени на автопат близу Лајдшендам, а трето лице е уапсено во Амстердам.
Премиерот Марк Руте во телевизиско обраќање изјави дека станува збор за „напад на слободното новинарство што е многу важно за нашето општество“.