ХОЛАНДСКИОТ ПАРЛАМЕНТ ИЗГЛАСА РЕЗОЛУЦИЈА ПРОТИВ ВЛЕЗОТ НА БУГАРИЈА ВО ШЕНГЕН ПОРАДИ КОРУПЦИЈА И ОРГАНИЗИРАН КРИМИНАЛ

    ХОЛАНДСКИОТ ПАРЛАМЕНТ ИЗГЛАСА РЕЗОЛУЦИЈА ПРОТИВ ВЛЕЗОТ НА БУГАРИЈА ВО ШЕНГЕН ПОРАДИ КОРУПЦИЈА И ОРГАНИЗИРАН КРИМИНАЛБугарскиот претседател Румен Радев се пожали дека Бугарија станала заложник на внатрешната политика на Холандија. (архивска фотографија)

    Холандскиот парламент вчера изгласа резолуција против влезот на Бугарија и Романија во Шенген зоната. Гласањето во холандскиот парламент се случи два дена откако Европскиот парламент усвои резолуција да им се дозволи на двете источноевропски земји да ѝ се приклучат на зоната без граници.

    Со резолуцијата, холандските пратеници побараа од премиерот Марк Руте да стави вето на влезот на Бугарија и Романија во Шенген, додека не се направи анализа на функционирањето на владеењето на правото и намалувањето на корупцијата и организираниот криминал во двете земји.

    Зборувајќи пред бугарските новинари пред неговото пристигнување на Европскиот совет денеска, бугарскиот претседател Румен Радев кажа дека Бугарија станала заложник на внатрешната политика на Холандија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира